ВИДЕО – Атрактивна победа со нокаут во првата рунда на прилепчанецот Трајкоски

Во Тирана Албанија на 08 декември во саботата се одржа професионална боксерска ревија во организација на Албанската Боксерска Унија и Арена бокс промоцијата под наслов „Arena Boxing Night“.

 

На овој настан се одржаа 6 професионални боксерски мечеви. Во втората борба на вечерта настапи нашиот боксер прилепчанецот Ице Трајкоски против Јорго Гонај од Албанија со живеалиште во Канада.

 

„Ице уште на самиот почеток на рундата боксуваше смирено и задаваше контра удари, а пресуден беше задниот директ во брадата на Јорго. Со технички нокаут во првата руда Ице Трајкоски заслужено издвојува атрактивна победа. На овој настан судеше и нашиот судија Ѓорѓи Чатлески, а правдата ја делеја и судии од Албанија ,Косово и Србија“, вели Дарко Чатлески, тренер на Трајкоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи