Заев: Правична, сразмерна казнена политика и помали глоби за 60 отсто

Facebook
Twitter
Email
Print

Казните  за  бизнис заедницата од сега ќе бидат правични и сразмерни, ќе има градација меѓу малите, средните и големите фирми. Целта е да се поттикнат правичноста и почитувањето на законите. Столбот на казнената политиката ќе биде превенцијата, опомена пред казна, изјави премиерот Заев пред промоцијата на најдобрите 100 компании-членки на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

 

„Инспекциските служби ќе треба преку едукативен пристап и соработка да вршат детална и правична контрола“, рече Заев.

 

Заев потенцира дека казните за малите фирми со новиот закон ќе се намалат за 60 проценти и максималните глоби ќе изнесуваат од 50 до 2.000 евра за разлика од глобите регулирани со претходниот закон кои достигнуваа до 5.000 евра.

 

„Владата им излезе во пресрет на барањата на бизнис заедницата за намалување на драконските казни кои во минатото се злоупотребуваа за затворање и уништување на фирмите, како и за уцени, компаниите од сега ќе мора да знаат дека столбот на казнената политика ќе биде превенцијата“, подвлече премиерот.

 

Според него, со новите законски решенија малите фирми ќе плаќаат пониски казни во однос на поголемите. При одредувањето на глобата, како што рече, ќе се води сметка за остварениот приход, бројот на вработени и евентуалните претходни санкционирања.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи