ВИДЕО – Прилеп се подготвува за Свети Никола – прилепските домаќинки ќе направат 65.000 мали посни сарми

Прилеп наголемо се подготвува за патрониот празник Свети Никола кој што е прогласен за заштитник на Прилеп во 2006 година. Вредните прилепски домаќинки денеска и утре за градската слава ќе подготват околу 65.000 мали посни сарми кои ќе бидат послужени на трпезата што во среда ќе се постави во центарот на градот. По 13-ти пат прилепчани ќе му оддадат почит на својот заштитник. Инаку Прилеп за градска слава го одбра овој светител во 2006 година затоа што скоро половината од граѓаните го имаат Свети Никола за своја куќна слава. Токму затоа прилепчани често пати на шега бараат овој ден за нив да биде прогласен за неработен затоа што ако половина град ја чека славата, другата половина од граѓаните одат некаде на гости, така што во среда буквално цел град ќе прославува.

 

Кога ќе се спомене Свети Никола во Прилеп тоа несомнено асоцира и на богата посна трпеза составена од грав, риба и секако надалеку прочуените мали прилепски посни сарми. Е токму со тие мали посни сарми во 2008 година Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди кога прилепските домаќинки изготвија 60.000 посни сарми. Рекордот потоа неколкупати беше урнат, нормално од самите прилепчани, кои една година изработија дури и над 120.000 посни сарми, но во Гинис беа заведени тие првите 60.000 посни сарми.

 

ИЗВОР СИТЕЛ.

 

 

Годинава домаќини се семејството Јованоски на градоначланикот на Прилеп. За славата биле подготвени 1.200 кг. зелка, 100 кг. ориз, 200 кг. грав, 350 кг. риба,  и 2.000 литри пијалоци. Градоначалникот на Прилеп истакна дека годинава за прв пат прославата ќе се одвивала само на едно место во центарот на градот, а не и во некој од угостителските објекти во градот. Со тоа се докажувал духот на еднаквоста и хуманоста кој носи Свети Никола. Неговата сопруга изјави дека Свети Никола е и нивна куќна слава и се надева дека оваа традиција која се почитува со векови ќе ја продолжат и нивните деца.

 

По повод празникот се организираше и хуманитарна акција во Прилеп, а собраните производи во храна ќе бидат поделени на социјално загрозени семејства.

 

За градската слава Свети Никола во ова живо јавување за Сител зборуваа прилепските домаќинки, градоначалникот Илија Јованоски и неговата сопруга Виолета Јованоска.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи