Ловокрадец казнет со една година затвор и еднаш месечно да го гледа цртаниот „Бамби“

Ловокрадец е осуден на затвор од една година поради нелегално убивање на стотици елени. Покрај ова, тој ќе мора и еднаш месечно да го гледа анимираниот филм „Бамби“, како дел од неговата казна.

 

Судот во Мисури одлучи Дејвид Бери да го осуди на 15 месеци затвор , притоа да го гледа филмот најмалку еднаш месечно, како казна за „најголемиот случај на нелегален лов на елени во историјата на државата“.

 

„Елените нелегално се ловени за трофеи, главно ноќе, нивните глави биле земени, а телата оставени на отпад”, рече Дон Тротер, обвинител во округот Лоренс во југозападниот дел на државата.

 

Бери, неговиот татко, двајцата браќа и уште еден човек што им помогнал останаа без дозволите за лов. Осудениот платил 51.000 долари за казна и судски трошоци, заедно со специјалното дополнување на пресудата на Бери за незаконското ловење.

 

Неговиот татко и неговиот брат беа уапсени во август по речиси деветмесечна истрага за ловокрадство, поврзана со други случаи во Канзас, Небраска и Канада. Истрагата водела до 14 жители на Мисури кои се соочуваат со повеќе од 230 обвиненија во 11 земји. Истрагата за Бери започнала на крајот од 2015 година, кога Агенцијата за заштита на природата добила анонимна дојава за ловокрадство на елени во округот Лоренс.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи