Законот за амнестија чека потпис од претседателот Иванов

Facebook
Twitter
Email
Print

Законот за амнестија, откако вчера беше изгласан во Собранието, е испратен на потпис кај претседателот Ѓорѓе Иванов, по што за да стапи во сила, треба да биде објавен и во „Службен весник“.

 

Вака информираше претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој рече дека Законот ќе биде потпишан во најбрз можен рок.

Обвинетите за случувањата од 27 април минатата година во Собранието, законски, ќе имаат пет дена да поднесат барање за амнестија. По тоа барање, во рок од уште пет дополнителни дена ќе одлучува судот, односно Судечкот совет на чело со претседателката Добрила Кацарска, во консултација со јавната обвинителка Вилма Рускоска.

 

Амнестијата нема да ги опфати организаторите и подготвувачите, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата со фантомки кои извршиле насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно чл. 324 од КЗ, како што се согласија вчера членовите на Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи