ВИДЕО – Мицкоски : Народот е изневерен, опљачкан и понижен, првата победа следува на претседателските избори

Македонија допрва ја започнува својата битка, oва не е нејзиниот крај. Нема договор кој може да не избрише како нација. Ова е библиско име и библиска народ и ниту еден историски процес не е еднонасочен. Ова на денешниот протестен собир во Прилеп, го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски пред прилепчани истакна дека народот се чувствува изневерен, опљачкан и понижен од сите политики кои што, според него ги водела оваа влада во изминативе 2 години. Токму затоа Заев за брзо време ќе завршел на темната страна на историјата.

 

 

„ Заедно ние ќе победиме и ќе чекориме и во јануари, и во февруари, ќе дојде март, а потоа и април кога ќе дојде првата победа на претседателските избори. Победа која што ќе ги најави предвремените парламентарни избори, кога народот, народот на Република Македонија ќе му каже едно големо НЕ на Зоран Заев и групата околу него. Народот кој што го лажеше, народот кој што се чувствува изневерен, опљачкан, излажан“, истакна Мицкоски.

 

 

Мицкоски рече дека единствената цел на Заев и фамилијата била не развој на Македонија туку што е можно повеќе да украдат пари и потоа да избегаат во странство. Тој обвини дека владата 2 години ветувала економски раст од 5%, а не остварила ниту половина од тоа. Ги зголемувале даноците единствено само за да го полнат буџетот и за да потоа можат да крадат со тендери склучени во 4 очи. Според Мицкоски зголемувањето на даноците ќе донесело само преселување на бизнисот во странство и уште поголемо иселување на младите.

 

„Го укинаа Советот за јавни набавки за да можат да им врват тендерите во 4 очи, да можат полесно да ги договараат провизиите кои што секој еден граѓанин на оваа држава знае дека се движат од 5 до 15%. А местото на исплата, и тоа се знае. Еден ресторан хотел во Југоисточна Македонија. Кај нива игра само кешот и ништо повеќе и ништо помалку“, додаде Мицкоски.

 

 

 

Во Прилеп денеска беше и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој оствари средба со дуќанџите и истакна дека немало повеќе оркестрирани упади по фирмите и драконски казни. Миицкоски пак го нарече антиизападен политичар без идеи.

 

„Нема повеќе од оние одмазнички упади во фирмите. Нема веќе затворање на дуќаните и упропастување на фирмите. Нема веќе драконски казни и нема рекет, што беше одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Прилеп, Република Македонија ставија крај на оние кои водеа во безизлез и направија никогаш да не се повтори тоа. Безидејното раководство на ВМРО-ДПМНЕ водено од Христијан Мицкоски немаат апсолутно никаков план. Мицкоски нема став, нема визија, нема идеа за Република Македонија. Тој е дел од едно антизападно раководство, кое буквално е недостоинствено да ја води Република Македонија“, кажа Кирацовски.

 

Инаку Денеска во Прилеп ВМРО-ДПМНЕ одржува состаноци на извршниот и централниот комитет.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи