Прилепчанката Ивана Темелкоска победник на натпреварот за фотографија „Вики ја сака храната“

Ивана Темелкоска од Прилеп е победник на годинешниот фотографски натпревар „Вики ја сака храната“, посветен на храната, традиционалните јадења и специјалитети во Македонија и ширум светот, организиран од страна на Википедија на македонски јазик.

 

Натпреварот имаше за цел собирање и документација на фотографии од македонски традиционални јадења, како и јадења, специјалитети и воопшто храна од целиот свет, кои подоцна ќе се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија.

 

Натпреварувачите се натпреваруваа во 2 категории: Професионална фотографија на храна и Аматерска фотографија на храна. Беа подигнати вкупно 687 фотографии од 40 поединечни учесници, на кои беа прикажани вкупно над 100 различни традиционални јадења, специјалитети и храна од Македонија и националните и регионални кујни ширум светот.

 

Натпреварот беше прв пат организиран во 2015 г. од страна на Викимедија Индија, а во Македонија за прв пат е спроведен во 2017 година.

 

Победнички фотографии со професионален квалитет.

 

1. Ивана Темелкоска – сутлијаш

 

2. Даниел Цуклев – тортелини

 

3. Ивана Фидановска Мицевска – зелник со праз

 

Победнички фотографии со аматерски квалитет.

 

1. Мартин Ташкоски – ружа со јаболко и слатко од диви јагоди и цреши

 

2. Алексанад Миловановски – традиционална проја

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи