Куќен притвор за обвинетите во случаите на СЈО

Facebook
Twitter
Email
Print

Од Специјалното јавно обвинителство одговорија позитивно на барањата за Орце Камчев, Цветан Панделевски и останатите обвинети во случајот „Империја“ мерката притвор да им биде заменета со поблага мерка, односно домашен притвор. За Сашо Мијалков, кој исто така е обвинет во случајот „Империја“, сè уште нема дадено мислење.

 

Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, изрази очекување дека СЈО ќе донесе позитивна одлука по барањето за ослободување од притвор на екс-директорот на УБК.

 

СЈО одговори позитивно и на барањата на обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и на поранешниот генерален секретар, Кирил Божиновски, обвинети во случајот „Титаник“, мерката притвор да им се замени со куќен притвор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи