Албанија затвори 4.300 обложувачници

Од вчера во Албанија стапи на сила Законот за забрана на коцкање , што беше изгласан пред неколку месеци и со кој се затворија 4.300 обложувалници. Забраната не се однесува само на кафулиња со кладилници , туку и на онлајн кладење и коцкање.

 

Коцката е дозволена само во елитни хотели со пет ѕвездички и тоа само ако се наоѓаат надвор од урбани подрачја.

 

Коцкањето во Албанија беше голем проблем . Според статистиката во земја со 2,8 милиони жители , имало една кладилница на 670 жители.

 

Албанскиот премиер Еди Рама беше под жесток притисок на сопствениците на кладилници , но сепак Законот се изгласа и од вчера е на сила.

 

„Нова година како оваа, без коцкање и петарди, не е видена со години“, наведе Рама покрај фотографиите од затворените коцкарници чиј простор е огласен за издавање, пренесува албанската агенција АТА.

 

Министерката за внатрешни работи изјави дека секое казино или обложувалници кои ќе работат илегално, ќе бидат третирани како парцела со канабис.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.