Прогласена епидемија на морбили во Скопје, забрана за невакцинираните деца во градинките

Facebook
Twitter
Email
Print

Во Скопје е прогласена епидемија на мали сипаници откако изминатите два дена биле регистрирани 12 случаи на морбили од кои 6 и официјално биле потврдени со чиста клиничка слика, а останатите преку лабораториските резултати.

 

Поради тоа скопските градинки од утрово не смеат да примат деца кои не ја примиле МРП вакцината. Забраната ја донесоа здравствените власти откако деца заразени од морбили има во речиси сите скопски општини.

 

Меѓу заразените со морбили се осуммесечно бебе и деца на возраст од три до пет години, како и двајца возрасни на 31 и 47-годишна возраст, сите без примена МРП вакцина.

 

„Информираме дека на територијата на градот Скопје има 12 нови случаи. Од 15.000 невакцинирани деца по повиците од вакциналите пунктовите, вакцинирани се само 310, што е мала бројка. Добра околност е што училиштата не работат поради распустот. Сепак, состојбата ја имаме под контрола. Станува збор за исклучително сериозно заболување, кое, за жал, понекогаш е фатално по животот на децата. Секое непочитување на препораките е дополнителен ризик по здравјето на целото население“, изјави министерот Филипче.

 

На Инфективна клиника се хоспитализирани осум лица, сите се со компликации и имаат бронхопневмонија.

 

Тројната вакцина МРП е комбинирана вакцина против мала сипаница, заушки и рубеола. За родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца најавени се казни од 350 до 650 евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи