ВИДЕО – Сегашните и поранешните вработени во Еурокомпозит најавуваат во среда штрајк пред Влада

Поради неисплатени плати и отпремнина околу 100 вработени во прилепски „Еурокомпозит“ како и 130 мина кои си заминаа технолошки вишок најавуваат за среда штрајк пред Влада во Скопје. Велат дека пред Нова Година зеле дел од плата само по 8.000 денари, а вчера директорот им кажал дека нема пари ниту за отпремнина. Им ветуваал плата на 20 јануари, но тие не верувале повеќе во ништо. Одговор како ќе се реши ситуацијата не добиле ниту од Влада иако денеска и вчера се обидувале да ги контактираат.

 

 

„Од тоа што ни го вети директорот пред Нова година, не испадна ништо. Беше ветено да земеме по една убава плата, а сите овие што се технолошки вишок да земат по 8-10.000 денари. Значи ни со тоа не си го исполни ветувањето. Вчера имавме средба со директорот, на која им откажува опремнина на луѓето што си заминаа прехнолошки вишок и нас ни ја откажува платата. Значи за плата да земеме, ни вика да продолжиме да работиме, да го сработиме тој договор, аванс што го има земено од МВР и некаде околу 20-ти ни ветува да земеме некоја плата. Ние и понатаму не веруваме во тоа, почнавме да се јавуваме во Влада. Никакви одговори досега немаме од страна на Владата, сите се на годишни одмори и затоа ние решивме да се собериме повторно овде и преку новинарите да им кажеме на цела јавност, дека ние во среда планираме сите заедно, технолошки вишок, вработени, пензионери, сите заедно да одиме пред Влада и само таму го најдуваме решението. Секогаш кога ќе појдеме пред Влада успеваме по некој денар да добиме, а овие 3-4 месеци знаете дека никаде не појдовме и немаме земено пари. Значи од септември месец досега имаме земено само 20.000 денари, вкупна сума. Не иди ни по 5.000 денари месечно.“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на Еурокомпозит.

 

Оние кои си заминаа како технолошки вишок имаат земено само по 25.000 денари отпремнина, а вкупно треба да земат околу 90.000 денари.

 

„До 30.11. требаше да земеме 50.000 денари, а останатите 44.000 до 28.02.2019 година. Јас и минатиот пат го кажав истото, еве и сега го повторувам, кога ги потпишувавме документите пишуваше дека напуштаме како технолошки вишок со платена опремнина, а опремнината не ни беше исплатена. Колешката ни рече ако сакаш потпишувај, ако сакаш не. И јас потпишав, ама од тоа не остана ништо. Тие 25.000 ги пушти, вчера слушаме дека се откажувал од опремнината“, кажа Жарко Талески, технолошки вишок.

 

Од Владата со месеци најавуваат влез на странски инвеститор кој треба да ги исплати заостанатите плати, придонеси и отпремнина. Но засега од тоа нема ништо. Вработените се чувствуваат изманипулирани и побараа оставка на директорот Златко Граороски.

 

„Јас од овде можам само едно да порачам, најмалце што можи во оваа ситуација да направи генералниот директор е да дојди, да слези, да им се извини на сите овие вработени тука што се малтретираат со денови и се со нас цело време и во најмала рака да си даде оставка, бидејќи не е во состојба да ја води фирмава. Немаат ни тие земено, ни ние земено, не лажи цело време, а вчера она беше капак. Како што рековме во среда ќе одиме во Скопје, бараме средба кај градоначалникот, значи сите да бидат запознати со овој наш проблем. Ова веќе се претера, сите граници ги помина“, изјави Пеце Велјаноски, технолошки вишок.

 

„Директорот кога ни кажа дека ќе ни даде 25.000 денари, не молеше да го оставиме да работи со другите, за да може тој да сработи, за потоа во текот на месецот, или за една недела како што кажа тој да ни даде уште по 25.000 денари. Сето тоа е само лага. Му се јавуваме на телефони, бараме да појдиме горе кај него, ниту иди на работа, ниту сме го виделе. А наредните пари кога мисли да ги дава, која веќе овие ги закасни?“, рече Валентина Славеска, технолошки вишок.

 

Директорот Златко Граороски иако денеска беше во своите канцеларии не сакаше да се сретне со новинарите. Телефонски ни истакна само тоа дека во вторник ќе имал состанок со вицепремиерот

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи