Во администрацијата се пополнуваат испразнетите места од 2017 година

Facebook
Twitter
Email
Print

Со објавените огласи за вработувања во јавната администрација се пополнуваат испразнетите места од втората половина од 2017 година и тоа нема да направи зафаќања во Буџетот.

 

Ова го истакна премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација по потпишувње на договор меѓу ЕБРД и ЕЛЕМ за фотонапонска електрана Осломеј.

 

„Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа годна. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции“, посочи премиерот и побара да се погледнат податоците за бројот на администрацијата во минатите години и сега.

 

Во однос на минималната плата рече дека целата постапка ќе биде транспарентна, преку дијалог со синдикатите и работодавачите.

 

„Имаме намера да отвориме дијалог за минималната плата со синдикатите и со работодавачите. Ние сме убедени дека во едно праведно и солидарно општество државата треба да преземе вакви чекори, а тоа да не биде на штета на никој од учесниците во постапката. Претходната корекција на минималната плата помогна да се раздвижи спиралата за зголемување и на другите плати“, изјави Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи