Заев најави ново зголемување на минималната плата

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека македонската Влада има намера да покрене уште една иницијатива за покачување на минималната плата во земјата, која во моментов изнесува 12.000 денари.

 

„Тоа ќе биде транспарентен процес. Ќе преговараме со синдикатите и исто така со работодавачите. И медиумите ќе бидат вклучени за да известуваат за процесот, бидејќи ние сме солидарна држава. Ние веќе еднаш така направивме кога ја зголемивме минималната плата првиот пат. Има простор за уште едно зголемување кое ќе ја активира дополнително спиралата на покачување на сите преостанати плати во Македонија. Како што е редот, на самиот почеток на годината ја соопштивме само намерата, а набрзо верувам дека ќе започне процесот“, одговори Заев на новинарско прашање на денешната заедничката владина прес-конференција.

 

Неофицијално, минималната плата треба да се усогласува соодветно на растот на БДП, зголемувањето на просечната плата и зголемувањето на потрошувачката кошничка.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи