ВИДЕО – Здружението на жени „Преродба“ од Прилеп ја подготви традиционалната Бадникова трпеза

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчињата денеска во Прилеп го најавија Христовото раѓање. А додека жените од здружението „Преродба“ традиционално ја подготвија бадниковата посна трпеза, со мали посни сарми, гравче, мазник со ориз, костени, ореви и други овошја. Секако тука се и големиот број обичаи поврзани со Бадник.

 

 

„Во Прилеп паричката се става на Василица. Трпезата не се крева со до утрото за биде годината плодна. Значи треба да стои како што е наместена до другиот ден. Се спрема се посно како гравче, сармички, оревчиња, костенчиња и друго“, кажа Паре Макалоска.

 

Домаќинките од „Преродба“ велат дека се повеќе млади сакаат да ја продолжат традицијата и да ги научат вековните адети и обичаи.

 

„Се поучуваат од нас, а ние од нашите мајки и баби, да го пренесеме она што низ вековите сме го негувале“, истакна Лилјана Ѓорѓиоска, претседател на здружение „Преродба“.

 

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА :

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.