ВИДЕО – „Љубовта е сила, моќ“ – најновата песна на прилепчанецот Гоце Петрески и Анета Мицевска, „Молика“

„Љубовта е сила, моќ“ е најновата песна на прилепчанецот Гоце Петрески, кој живее во Сиднеј, Австралија. Песната е дует со Анета Мицевска и групата „Молика“. Музиката и текстот се креирани од таткото на Гоце, Иван Петрески, аранжманот е на Дејан Момироски, а песната е снимена во XL Studio. Видео спотот е снимен во Австралија. Видеото го сними Христијан Конески, кој исто така веќе извесен период работи и живее во Сиднеј, Австралија.

 

Инаку ова е четврт дует на Петрески со Мицевска. Претходните дует песни се : „Кажи Јано“, „Ах љубов верна“ и „Среќно ќе живееме“.

 

„Со Анета и групата „Молика“ имаме долгогодишно познанство, музички и карактерно се сложуваме и одлично соработуваме. Со песната „Љубовта е сила, моќ“ се комплетира мојот најнов албум „Среќа ми е песната“, што е во финална подготовка. Албумот ќе содржи 12 песни и до крајот на овој месец ќе биде во продажба. Ова е мојот 7-ми албум“, истакна Петрески за Инфо Компас.

 

Претходно Петрески ги издаде албумите : „Две солзи“, „Те сакам“, „Комарџија“, „Крушки ќе јадам“, „Австралија ќе се оди“ и „Со птиците и кучињата“. Првите два албуми „Две солзи“ и „Те сакам“ му се со прилепската група „Опус“, а додека другите се соло албуми.

 

„Промоцијата на мојот најнов албум планирам да ја направам прво во Австралија, а потоа ако се оди според планот во јули или август оваа година, албумот сакам да го промовирам и во Македонија“, додава Петрески.

 

ВИДЕО СПОТОТ :

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.