Рускиот патријарх Кирил: Технологијата ќе го донесе антихристот

Facebook
Twitter
Email
Print

Зависноста на луѓето од паметните телефони и современа технологија би можела да доведе до доаѓање на антихристот, предупреди лидерот на Руската Православна Црква.

 

Во интервјуто за руската државна телевизија, партијархот Кирил изјави дека не се противи целосно на уредите. Но, сепак предупреди дека луѓето „паѓаат во робство“ на нивните паметни телефони. Тој изјави дека собирањето на корисничките податоци, вклучувајќи ги локациите, интересите и стравовите на луѓето, ќе им овозможат на „надворешните сили“ да ги контролираат луѓето на Земјата.

 

„Контролата од една точка е најава за доаѓањето на Антихристот“, изјави рускиот патријарх Кирил, додавајќи дека Антихристот „ќе биде на чело на светската мрежа (World Wide Web) и ќе го контролира целото човештво“.

 

Патријархот Кирил рече дека неговата Црква не е против „технолошкиот напредок“, туку повеќе против „развојот на систем кој е насочен да го контролира идентитетот на личноста“.

 

Оваа изјава на рускиот патријарх беше комично дочекана на социјалните мрежи, со голем број саркастични коментари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи