Грците со три првични барања во Заедничкиот комитет за ревизија на книгите

Facebook
Twitter
Email
Print

Наставниците и професорите во предавањата да избегнуваат материјали што содржат иредентизам, од учебниците да се исфрлат античко грчките симболи и картите на Голема Македонија, биле трите барања на грчката страна на состанокот со колегите експерти од нашата земја, брифираат официјални грчки дипломатски извори.

 

„Прво, рековме дека другата страна ќе треба да се погрижи за упатставата што ќе бидат дадени на професорите и наставниците за наставата во новата учебна година да бидат такви што дури и да не се коригирани книгите,  да не предаваат материјали што содржат иредентизам или ревизионизам. Второ, од книгите да се исфрлат било кои античко грчки симболи што постојат или особено симболи на античкиот грчки македонизам, кои што поради оптичкиот контакт и како слики влијаат на децата. Третото што го кажавме е секако да се отстранат мапите кои што највидливата точка на иредентизмот, мапи кои ја опишуваат  Голема Македонија“, објаснуваат официјалните грчки дипломатски избори.

 

Додаваат дека по првичниот договор и откако ќе се обезбедат трите барања ќе започне ред по ред ревизијата на учебниците.

 

Истите извори велат дека македонската страна немала конкретни барања од грчките колеги, “бидејќи грчките книги не содржат иредентизам, затоа што не е замисливо земја членка на ЕУ да има такво нешто во книгите”.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи