Заев не се договори со БЕСА, нема доволно пратеници за гласање – седницата продолжува утре

Facebook
Twitter
Email
Print

Откако повеќе пати беше закажувана и откажувана седницата на која требаше да се гласа за уставни измени, истата е презакажана за утре во 12 часот.

 

Во текот на денот, премиерот Зоран Заев се обиде да ги убеди пратениците на БЕСА да гласаат за уставни измени, а независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да попуштат пред барањата на Касами, но не успеа.

 

„Беса е принципиелно поставена за ова прашање, како што се и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и се „први кои се за заштита на македонскиот идентитет“. Суштината на Беса е преку формулацијата на македонско /граѓанин на РСМ да не се остави впечаток дека Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите и сите други во државата ќе бидат македонски. Тоа е суштината. Се изнаоѓаат техничките аспекти за решавање. Секако државјанството е македонско и така и ќе остане. За тоа нема дилема. Беса не бара да се смени идентитетот или слично. Будното око на осумте пратеници токму тоа го прави како и ние и останатите пратеници. Работиме да се изнајде решение за техничките формулации како државјанството за сите да биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија, а сепак, Албанците и другите етнички заедници да не бидат Македонци“, рече Заев

 

Во меѓувреме премиерот Зоран Заев ќе продолжи со координативните состаноци со БЕСА и со пратеничката група составена од осум пратеници што се одделија и што беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Во меѓувреме, пред Собранието се одржува протест против промена на името во организација на здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“. На протестите од вчера им се приклучи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува говор да одржи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“, Христијан Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи