Викендов до -15, наредната недела со нови врнежи од снег

За време на викендот кој следува ќе имаме претежно стабилно и суво време, но ќе биде многу студено. Минималните температури на одредени места повторно ќе се спуштат и под -15 степени, додека максималните на повеќе места ќе бидат околу и под нулата, што дополнително ќе го задржи снегот во градовите и на планините.

 

Под влијание на нов влажен бран во понеделник ќе имаме нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.