ВИДЕО – Конаците на Трескавец готови до мај, ќе се работи и во црквите во Зрзе и Свети Никола во Манастир, Мариово

Манастирот Трескавец, црквата Свети Никола во село Манастир Мариово, како и црквите во Зрзе ќе бидат едни од капиталните проекти на кои Заводот и Музеј Прилеп ќе стави акцент оваа година. После 5 години работа конечно во мај се очекува да биде завршена обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец.

 

 

Најаважно од се е тоа што сега манастирот  ќе биде заштитен според сите најсовремени стандарди за заштита од пожар. Се постави громобран со голем капацитет, конаците ќе бидат заштитени со мрежа на хидранти со вода, а ќе биде поставена и мрежа на посебен гас за гаснење на пожари. Ќе има индуктори во секоја просторија кои ќе сигнализираат доколку се појави пожар за да се вклучи системот. Се надеваат дека конечно ќе се започне и со заштита на црквата која е во катастрофална состојба.

 

„И паралелно работиме на истражувачки работи, два тима, на архитектурата и на живописот, на црквата, магерницата и старата трпезарија. Се изготвуваат проекти за нивна конзервација, што значи дека овваа година можеби ќе распишеме и тендер за отпочнување на тие работи“, истакна Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

 

Се планира и работа на црквата Свети Никола во манастирот во село Манастир во Мариово, која е стара скоро 750 години, која исто така моментално е во многу лоша состојба.

 

„Манастирската црква Свети Никола во село Манастир во Мариово во план ни е да ја препокриеме. Исто така и во Зрзе двете цркви и селската и манастирската. Работиме и на проекти како подот во манастирската црква во Манастир, проектот е веќе изработен, а работиме и на конзервација на фрескоживописот на двете цркви во Зрзе и Манастир Мариво, изјави Атанасоски.

 

Еден од капиталните проекти бил и реконструкцијата на споменикот „Илинден“ во Крушево, кој досега требаше да биде готов, но бидејќи работата не била завршена како што треба неговото целосно комплетирање се очекува да заврши за 2-3 години.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи