Морничав трејлер за најава на финалната сезона на Игра на Тронови. Зимата дојде!

Долго очекуваната последна сезона на серијата Игра на Тронови ќе ја има својата премиера на 14 април, потврдија од ХБО. Најавата се наоѓа на крајот на новиот таинствен и морничав трејлер на режисерот Дејвид Нутер.

 

 

Нема многу детали околу новата 8-ма сезона, која ќе биде и последна, меѓутоа потврдено е дека таа ќе биде сочинета од шест епизоди кои ќе бидат значително подолги од досегашните.

 

Адаптирана од романите на Џорџ РР Мартин, Игра на Тронови се покажа како убедливо најголем успех според рејтинзите на ХБО, освојувајќи голем број награди и присвојувајќи огромна меѓународна публика по почетокот на емитувањето во 2011 година.

 

Мрежата веќе ја подготвува пилот-епизодата на сè уште неименувана серија, која временски ќе се случува илјадници години пред „Игра на тронови“, со Наоми Вотс во главна улога.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.