САД се заканија со санкции доколку Косово не ги укине таксите кон Србија и БиХ

Советот за национална безбедност на САД и Стејт Департментот усвоија документ со осум точки во кој стои дека Владата на Соединетите Американски Држави од Владата во Приштина бара веднаш да ги укине стопроцентните такси кон Србија и Босна и Херцеговина, во спротивно Косово ќе се соочи со санкции. Во изненадувачкиот документ од Америка стои дека Косово може да се соочи со редуцирана подддршка на безбедносните сили и со други санкции.

 

Документот во пишана форма им е доставен на политичките лидери во Приштина, на Владата и на Претседателот.

 

„САД не може веќе да толерираат поткопување на дијалогот меѓу Приштина и Белград“, се вели во документот.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај веќе одговорил дека укинувањето на стопроцентните такси ќе се случи откако Белград и Приштина ќе се признаат взаемно со меѓународни гаранции.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.