ВИДЕО – Сатурн официјално ги губи прстените

Сатурн како планета веднаш ќе го препознаете по своите иконски прстени. Тие се најголемите, најсветли прстени во нашиот сончев систем. Се протегаат на 280.000 км од планетата, доволно широк простор за да собере 6 Земји по ред. Но, Сатурн нема секогаш да изгледа вака, бидејќи неговите прстени исчезнуваат, тие се гунат и тоа брзо !

 

Прстените на Сатурн главно се состојат од делови од мраз и карпи. Кои се под постојано бомбардирање, некои со УВ зрачење од Сонцето, а други пак со ситни метеороиди.

 

 

Кога ќе се случат овие судири, ледените честички испаруваат, формирајќи наелектризирани молекули на вода кои се во интеракција со магнетното поле на Сатурн, на крајот тиие паѓаат кон Сатурн, каде што изгоруваат во атмосферата.

 

Луѓето знаат за дождот од прстени уште од 1980-тите, кога мисијата на НАСА Војаџер за прв пат забележа мистериозни, темни бендови кои се покажаа како дожд од прстените фатени во магнетните полиња на Сатурн. Тогаш, истражувачите проценуваа дека прстените целосно ќе се исцедат за 300 милиони години. Но, набљудувањата од вселенското летало на НАСА, Касини, даваат потемна прогноза. Пред Касини  да се нурне во Сатурн во 2017 година, успеа да добие подобар преглед на износот на врнежи од прашина на Сатурновиот екватор.

 

Со тоа научниците пресметаа дека прстените ќе опстојат уште само 100 милиони години.

 

Во поголемиот дел од своето постоење, планетата била „гола“ исто како Земјата. Сатурн за првпат се формирал пред околу 4,5 милијарди години, а истражувањата покажуваат дека прстените се стари само околу 100 до 200 милиони години. Значи тие се нешто помлади од некои диносауруси.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи