Почнува расправата за доверба на владата на Ципрас

Денеска во грчкиот Парламент ќе почне седницата за обновување на довербата на Владата, по барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а ќе заврши во утревечер со гласање доверба. Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот премиер, а обраќања ќе имаат и лидерите на политичките партии.

 

Утревечер, веројатно околу полноќ, како што најчесто е случај со гласањата во грчкиот Парламент, пратениците ќе треба да одлучат дали ќе ѝ дадат или не доверба на Владата.

 

За Владата на Ципрас да добие доверба, потребно е позитивно да гласаат 151 од 300 пратеници колку што има грчкиот Парламент.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.