Џафери: Не чувствувам одговорност за потпишување на Законот за јазиците

Претседателот на Собранието Талат Џафери не чувствува никаква одговорност затоа што тој, а не претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ги потпиша указите за Законот за јазици и Законот за ратификација на договорот од Преспа и ги испрати на објавување во Службен весник.

 

„Јас не чувствувам никаква одговорност затоа што сум презел сѐ во рамки на мојата надлежност. Му дадов доволно време на Иванов за двата закона“, рече Џафери.

 

Собранискиот спикер тврди дека постапувал согласно законите и Уставот и во однос на кривичните пријави кои ги најави ВМРО-ДПМНЕ за него, рече дека Иванов е тој што ги прекршил уставните обврски.

 

Џафери дополни дека смета оти претседателот Иванов ги помешал лонците на крајот на својот мандат и дека законодавната власт е таа што може да побара одговорност од претседателот, а не обратно.

 

Џефери на прес-конференцијата се обраќаше и на македонски и на албански јазик.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.