Баба го издрогирала цело семејство: За ручек им зготвила патка полнета со марихуана

Седумчлено семејство од чешкиот град Вратимов за Божик завршило во болница со вртоглавици, мачнина и халуцинации, бидејќи бабата која спремала патка за празничната вечера наместо зачин, во јадењето ставила марихуана.

 

Таа ја користела марихуаната за медицински цели.

 

Во болница завршиле четворица возрасни, на возраст од 37 до 71 година, и две деца, од 3 и 6 години. Лекарите прво помислиле дека семејството се затруло со јаглен-моноксид, но откако е утврдено дека во куќата не истекувал гас, дознале дека патката што бабата ја подготвувала за вечера била зачинета со канабис.

 

Чешката полиција започнала кривична постапка против бабата заради „подготовка на недозволени дроги“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи