Никнаа првите семиња на Месечината!

Изникнаа семките од памук што кинеската мисија „Чанг’е-4“ ги однесе на Месечината, пренесува Би-би-си повикувајќи се на соопштение од Кинеската национална вселенска агенција.

 

Ова е првпат каква било биолошка единка да израсне на Месечината. Достигнувањето се смета за важен чекор кон долгорочно истражување на вселената. Тоа би значело дека астронаутите би можеле да користат храна што сами би ја одгледувале во вселената, намалувајќи ја со тоа потребата да се вратат на Земјата за ново снабдување со прехранбени продукти. Ова може да биде клучно за идни долгорочни мисии, како патување на Марс, кое би можело да трае околу две и пол години.

 

Кинеската сонда во својот товар носеше и почва со семки од памук и компир, квасец и ларви од овошна мува. Тие се складирани во запечатен контејнер и целта е да се создаде минибиосфера, односно вештачка, самоодржлива околина. Кинеските државни медиуми објавија дека памучните семки оформиле пупки.

 

„Чанг‘е-4“ е првата мисија која се спушти и ја истражува подалечната страна на Месечината и со себе носи инструменти кои треба да ја испитаат геологијата на овој регион.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи