Цаноски ќе бара отштета од 40 милиони евра за уривањето на „Космос“

Бизнисменот Фијат Цаноски, сопственикот на комплексот „Космос“ кој беше урнат во 2011 година, на денешното рочиште за случајнот „ТНТ“ на СЈО рече дека уривањето било политичко и дека ќе бара отштета од 40 милиони евра, јавува МИА. Тоа е сума која што била направена според неколку вештачења во изминатиот период.

 

Во случајот „ТНТ“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Канакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски и уште четири лица.

 

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.