When in Krusevo – Winter is Here: Зимска верзија на уникатниот аутдор фестивал во Крушево

По успешното летно издание на аутдор фестивалот When in Krusevo, организаторите се решија и за зимска верзија на настанот, кој ќе се одржи од 8-ми до 10-ти февруари во Крушево, под мотото Winter is here!

 

„На наше огромно задоволство, Ве покануваме на уникатниот outdoor фестивал When in Krusevo во зимски услови. Повелете на адреналинска снежна авантура низ прекрасната крушевска природа облечена во снежно руво. Длабоко земете 100% чист воздух и уживајте во неописливите зимски пејзажи и во погледите од кои ќе ви се одземе здивот“, стои во поканата од организаторите до сите љубители на снегот и природата.

Зимското издание на фестивалот, „When in Krusevo – Winter is here!“ ќе вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, можност за обука за скијање и санкање, зимски тандем параглајдинг, дегустација на превкусни крушевски специјалитети и луда забава.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи