Запален автомобил на прилепчанец

Прилепчанец останал без својот автомобил, кој му бил запален, информираше МВР.

 

Според полицијата, во ПС Прилеп било пријавено дека на улицата Нил Армстронг бил опожарен автомобил „мерцедес“. Возилото е сопственост на Д.П.(31) од Прилеп.

 

Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.