ДУИ: Летањето орли нема да престане

Facebook
Twitter
Email
Print

Два дена по официјализаирањљето на Законот за употреба на јазиците, функционерите од ДУИ се собраа пред споменикот на Скендер Бег, означувајќи ја годината на овој албански херој. Оттаму порачаа дека целта на Законот е да ги интегрира Албанците целосно во општеството, а не да ги раздвојува граѓаните.

 

По реакциите во јавноста за „летањето на орлите“ од страна на фукнционерите на ДУИ, Бујар османи денеска истакна дека двоглавиот орел нема лоша или националистичка метафора, туку дека тоа значи дека се Албанци.

 

„Двоглавиот орел значи порака јас сум Албанец. И тоа е знак на идентификација, ако некому му пречи дека јас јавно се изјаснувам дека сум Албанец, тоа е негов проблем, не мој. Демантирам дека тој знак рефлектира националистички и големоалбански претензии. Кога ќе бидете на Монт Еврест и го правите тој знак, тоа значи дека сте Албанец. Тоа е знак на моето знаме и ако тоа знаме е службено во употреба во Република Македонија и двоглавиот орел е во службена определба и тоа е моето право да се самоидентификувам во согласност со член 48 од Уставот, кој вели дека државата гарантира слобода на самоидентификација на граѓаните од етничките заедници“, вели Османи.

 

Османи додаде и дека во наредните месеци ќе се формираат агенција и инспекторат, кои ќе ја следат примената на законот во инситиуциите, а за нив од буџетот за оваа година се издвоени 15 милиони денари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи