Унијата на жени на OK ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го посети семејството на бранителот Спасески и донираа храна и хемиски средства

После објавената сторија во медиумите за голготата низ која поминува семејството на прилепскиот бранител Драган Спасески, денес тоа беше посетено од страна на Унијата на жени на OK ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, кои им донираа храна и хемиски средства за лична хигиена и домаќинство.

 

„И покрај тоа што Драган не не пречека во неговиот дом затоа што беше заминал на испитувања во болница, она што ни го кажа сопругата Виданка е навистина тешко и жално. Во зимски услови без струја и огрев, со многу здравствени проблеми на Драган ова семејство секојдневно води битка за опстанок. Се надеваме на брзо инститиционално решение на нивната состојба“, истакна Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на Унија на жени на OK ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

Стерјоска рече дека токму поради ваквите состојби на дел од бранителите веќе две седници на Советот на Општина Прилеп се обидувале да ја постават точката овие лица да бидат ослободени од плаќање на ралични давачки кои се под локална ингеренција, но засега, според неа, немало слух од локалната самоуправа.

 

„Би сакала да истакнам дека токму поради ваквата и слична состојба на голем дел бранители од нашиот град како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на изминатите две седници се обидувавме да го ставиме на дневен ред на разгледување токму ова прашање, што би значело отпочнување на процедура за преку одлуките кои ги донесува Советот на Општина Прилеп им се помогне на оваа категорија граѓани преку ослободување од плаќање на ралични давачки кои се под локална ингеренција. Каков што беше впрочем е и одлуката на советите во Сарај и Чаир. Но, за жал до денес ваквата иницијатива од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не наиде на слух од моменталното мнозинство што значи дека овие луѓе и покрај тоа што животот го ставиле на браникот на одбрана на Македонија и понатаму се оставени да водат тежок живот, едноставно на маргините“, додаде Стерјоска-Локвенец.

 

Од Унијата на жени на OK ВМРО ДПМНЕ Прилеп му посакаа побрзо закрепнување на бранителот Спасески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи