ВИДЕО – Богојавление-Водици во црквата Свето Благовештение во Прилеп

Празникот Богојавление – Водици во Прилеп секоја година зема се поголема масовност околу неговото чествување. Одбележувањето на празникот започна утринава во 4 часот со Божествена литургија во сите православни храмови во Прилеп, а како и секоја година најмасовно беше во црквата Свето Благовештение или кај народот позната како Стара црква. По завршувањето на литургијата во дворот на црквата се изврши традицоналниот Богојавленски водосвет.

 

 

Интересно е да се каже дека стотици граѓани во дворот на црквата носеа гулаби и во моментот кога се пееше тропарот за празникот тие ги пуштаат гулабите да летаат. Тоа е една интересна традиција која со векови опстојува во Прилеп. Гулабите се симболика на Светиот дух кој што според Светото Писмо во вид на гулаб слетал на реката Јордан во моментот кога Исус Христос бил крстен од страна на Свети Јован Крстител.

 

Чествувањето ќе продолжи тука во Аква паркот каде во 12 часот ќе се фрла Светиот крст. Годинава за да се фрлаат по Светиот крст во градот под Марковите кули се пријавиле 98 кандидати. Интересно е да се каже дека годинава рекорден е бројот на пријавени учеснички од понежниот пол кои ќе скокаат во овие води. Нивниот  број е 10 девојки, а од нив најмалото е родено 2005 година. Најмалиот пак учесник кој ќе се фрла по крстот е момче, родено 2007 година.

 

Од црквата известуваат дека сите оние кои ќе скокаат по светиот крст задолжително имаат медицинска белешка од матичен лекар за нивната здравствената состојба и крштеница, со што  го потврдуваа своето учество во скокањето по Светиот крст. Исто така бидејќи водата и времето се ладни во соработка со локалната власт обезбедени се и спасители и екипи од Итната помош.

 

Архиерејскиот намесник, Протоереј – Ставрофор Блаже Станкоски рече дека на оној кој ќе го фати крстот МПЦ ќе му поклни икона со крштевањето на Господ Исус Христос.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА :

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи