Нимиц: Неприфаќањето на Преспанскиот договор може да има сериозни и опасни последици по двете држави

Неприфаќањето и нестапувањето во сила на Договорот од Преспа би можело да има длабоки, па дури и опасни последици, оценува специјалниот посредник на ОН во спорот за името, Метју Нимиц, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

„Нов договор и „брзо решение“, ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе се повлечат и од многу прашања кои веќе се договорени. Тоа може да предизвика различни сценарија од кои некои ќе имаат и сериозни последици“, вели Нимиц.

 

Евентуалниот нов договор меѓу Скопје и Атина, според него, би траел со години, а не со месеци, бидејќи сите прашања вклучувајќи го и името за севкупна употреба – ерга омнес ќе бидат вратени на почетна позиција, а веројатно ќе има и различен политички моментум во двете земји, како и промени во регионалната и глобалната политичка сцена.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.