Заев: Ќе бидам прв со двојазичен пасош во Северна Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Зоран Заев, вчера во интервју за ТВ АлсатМ, рече дека тој веројатно ќе биде првиот кој ќе добие двојазичен пасош и кој ќе се води на новото име на државата, Република Северна Македонија.

 

„Можеби јас ќе бидат првиот кој ќе има пасош со Република Северна Македонија. Јас треба да го отворам ова, иако знам дека луѓето имаат предрасуди, но не треба да е така, бидејќи од тоа има многу придобивки. Јас прв реков „Да живее Република Северна Македонија“, рече Заев.

 

Портпаролот на Владата Миле Бошњакоски денеска објасни дека премиерот Заев мислел дека сите граѓани кои ќе сакаат ќе може да имаат лична карта или пасош и на албански јазик, а не дека документите за сите ќе бидат двојазични.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи