Ципрас: Северна Мaкедонија ќе биде пријателска земја

Facebook
Twitter
Email
Print

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја поздрави ратификацијата на договорот за името помеѓу Атина и Скопје, со кој Македонија се преименува во Република Северна Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

 

„Денеска се роди Северна Македонија и таа ќе биде пријателска земја, сојузник и поддржувач на Грција во стремежот кон безбедностa, стабилноста и развојот на регионот“, напиша Ципрас на „Твитер“.

 

Додаде дека е испишана нова страница на историјата на Балканот.

 

„Омразата, национализмот, споровите и конфликтите ќе бидат заменети со пријателство, мир и соработка“, напиша Ципрас.

 

Според грчкиот премиер, идните генерации во двете земји ќе им бидат благодарни на пратениците кои храбро ги поставиле темелите за иднината на мир, солидарност и хармоничен соживот помеѓу двата народа.

 

Преспанскиот договор беше усвоен во грчкиот парламент со 153 гласа „за“, наспроти 146 гласа „против“. За разлика од Ципрас, лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, по ратификацијата изјави дека денешниот ден е тажен и тежок за Грција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи