ВИДЕО – Полицијата им забрани на поранешните вработени во Еурокомпозит да го блокираат патот Прилеп-Скопје

Кордон од полицајци денеска не им дозволија на поранешните вработени во државната компанија Еурокомпозит да го блокираат патот Прилеп-Скопје, со образложениеи дека според законот не смееле да се блокираат автопатишта и магистрални патни правци. Вработените кои заминаа како технолошки вишок бараат исплата на неисплатените придонеси во изминативе 6.5 години, исплата на заостанатите 20-тина плати и доплата на отпремнината за која зедоа само по 25.000 денари од ветените 90.000.

 

 

„Сакам да го прашам Премиерот додека му траеше кампањата и ја шетаа државата за каков живот за сите зборуваше ? За ваков за по тињи да одиме, за да не можеме ништо да направиме за парите свои што си ги бараме. Дали е ова живиот сакаме да го прашаме и да ни кажи“, рече Олга Јорданоска, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

„Трагично и мизерно се чувствуваме. Има повеќе полиција дојдено отколку што има луѓе кои протестираат. Си гии бараме своите права. 6.5 години немаат платено придонеси, тоа е еден доживотен кредот земен. Помалку на пензијата ќе добиваме од 2 до 3.000 денари, мислам дека не е во ред“, кажа Жарко Талески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

 

 

 

Вработените бараат итна средна во премиерот Зоран Заев илии Вицепремиерот Анѓушев во спротивно велат дека ќе продолжат со протестите без разлика дали ќе им дозволат блокада на патот Прилеп-Скопје или не.

 

„Ние сега бараме средба во Владата, барем да појдеме неколку мина претставници, повторно да ги разгледаме нашите барања и повеќе да не се мачиме вка ниту ние, ниту тие со нас, ниту еве вака на се малтретираат ниту полицајците. Доколку не сакаат да разговараат со нас ќе продолжиме со блокади и протести далии низ улиците на Прилеп, дали пред Општина, дали повторно ќе дојдеме тука ќе видиме“, истакна Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

 

Велат дека повеќе не веруваат во лажните ветувања што секој ден им ги дава или директорот стигнуваат од Владата. Бараат државата конечно да ја решии нивната голгота која трае со години. Велат дека се изморени повеќе да си бараата своите чесно заработени пари на ваков начин.

 

„Денеска побарале некоја информација од генералниот директор за да се решат пробемите со заостанатите придонеси, тоа да се реши на наредна седница на Влада. Но дури не видиме ние не веруваме во тоа. Ии еден апел до сите надлежни Софка како претставник на општествениот капитал, премиерот, вицепремиерот да најдат 5 минути за овие отпишани луѓе“, вели Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

„Како може законски од Владата е предложено по 8.023 денари да им се покачи платата на вицепремиерите, а ние со месеци не земаме плата, а одиме на работа и прва и втора и трета смена. Е каде е сега слухот на власта незнам“, додаде Жарко Талески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Дали и утре ќе има протести поранешните врработени велат дека ќа зависи од понатамошните одлуки од Владата.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.