Тепачка со ножеви и секири во прилепската населба „Три Багреми“, има и повредени

На 29.01.2019 година во 23.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека пред продавница во населба Три Багреми, по претходна расправија помеѓу браќата Ф.А. и Ф.А.(34), од една страна и Џ.А.(24) од друга страна, Џ.А. со секира и нож ги нападнал браќата.

 

 

„Џ.А. отишол во домот на Ф.А. каде бил и Ф.А.(34) и со секирата ја скршил влезната врата, и прозорите. После тоа, тој со нож го нападнал Ф.А.(34) и му нанел повреди. Џ.А. и Ф.А.(34) биле пренесени во болницата во Прилеп каде им била укажана лекарскла помош. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесена соодветни пријави“, соопштуваат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.