ВИДЕО – И шумските полицајци од Прилеп и регионот со протест бараат повисоки плати и подобри услови за работа

Шумските полицајци од цела Македонија денеска ќе одржат протестен марш во Скопје бидејќи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не сакалo да им ги потпиши колективните договори. Бараат исто така и зголемување на платите за 30%. Шумските полицајци од Прилеп, Битола, Крушево, Ресен и Демир Хисар, денеска пред да заминат на протестот во Скопје истакнаа дека земаат премногу мали плати и немаат никакви услови за работа.

 

 

„Основна плата на еден шумски полицаец е 16.800 денари. Тука е вклучена и хранарина и патарина. Наместо Владата да ги унапреди условите на шумската полиција, како што се зголемување на платата, додавање на додаток за ризик во работа, тие ја намалија платата со тоа што ги укинаа прекувремените сати“, рече Атанас Вељаноски, претседател на синдикална организација Прилеп.

 

„Колективниот договор од 2018 година е поденесен за потпишување во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Досега не е одговорено, одговорено беше дека ќе се потпиши, беше договорено да се потпиши ии со одложен рок на примена, но и тоа не се случи“, истакна Цветан Иваноски, Шумска полициска станица Прилеп.

 

Се пожалија и тоа дека животот постојано им е во опасност поради тоа што ги немаат потребните средства за работа, ниту пак имале правилник како да постапуваат во одредени ситуации бараат донесување на нов Закон за шумската полиција.

 

„Во патрола одиме по двајца или тројца полицајци, прво не сме означени како што треба, немаме унииформи, оружјето кое го носиме е премногу старо, немаме бенефициран стаж, изложени сме постојано на теренска работа“, додаде Цветан Иваноски, Шумска полициска станица Прилеп.

 

Протестниот марш низ улиците во Скопје треба да започне околу 12 часот и според најавите на шумските полицајци треба да заврши пред Влада.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.