Пилот проект – мобилен сервис за грижа во домашни услови

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална работа Мила Царовска најавија пилот проект, со кој што здравствените услуги ќе им се приближат на граѓаните, односно мобилен сервис за грижа во домашни услови. Проектот се спроведува со поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

 

Сервисот моментално целосно и успешно функционира во Кочани, со поддршка од Општина Кочани, Општата болница со проширена дејност во Кочани, матичните лекари, специјалисти по семејна медицина и Центарот за социјална работа во Кочани.

 

Во мобилниот сервис се вклучени два тима, составени од по 2 медицински сестри и по 1 социјален работник, кои на дневна основа посетуваат одреден број домаќинства во Кочани и руралните заедници, со цел основна здравствена и социјална грижа во домашни услови. Со оваа услуга се опфаќаат лица кои живеат со социјален ризик, приматели на социјална парична и постојана парична помош, од рурални средини, постари лица, како и лица со хронични болести и коморбидитети. За првпат во медицинскиот тим се вклучува и социјален работник чија задача е да препознае евентуални социјални ризици во семејствата и понатамошно поврзување со системот на социјална заштита. Досега се опфатени 678 лица од 22 села во реонот на Кочани.

 

Министерската Царовска најави дека исти вакви сервиси се отвораат и во Битола и Ресен, а идејата е истиот систем да профункционира на целата територија на државава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи