Ученици и наставници од 5 земји дел од проектот „Граѓани претприемачи и волонтери“ во посета Општина Прилеп

Ученици и наставници од 5 земји, Шпанија, Италија, Турција, Полска и Македонија, кои се дел од Еразмус + проектот „Граѓани претприемачи и волонтери“, денеска ја посетија Општина Прилеп, при што остварија средба со градоначалникот Илија Јованоски. Од Општина Прилеп информираат дека градоначалникот им посакал  пријатен престој на учениците во нашиот град.

 

„Домаќините од средното училиште од нашиот град ќе има со што да им се претстават и пофалат на гостите, затоа што ние имаме традиција и културно наследство. Како Општина Прилеп и јас како градоначалник, секогаш ќе ги поддржуваме учениците и наставничкиот кадар, затоа што тие ќе бидат наши презентери во сите европски земји, бидејќи како атрактивна туристичка дестинација, ние нудиме можности за развој на туризмот“, истакнал градоначалникот Јованоски, информираат од Општина Прилеп.

 

Нашата држава во овој проект ја претставува СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, кое во следните 5 денови ќе им биде домаќин на гостите од останатите 4 европски земји. Учесниците во проектот во текот на оваа недела, ќе учествуваат на повеќе работилници, презентации и приредби, како дел од предвидените активности во проектот „Граѓани претприемачи и волонтери“.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи