Утврден составот на новата Антикорупциска комисија – ќе ја предводи ревизорот Билјана Ивановска

Едногласно и без дискусија помина предлогот за избор на нови анти корупционери на  комисијата за избори и именувања во Собранието. Двајца вработени во секратеријатот на Антикорупциската комисија, двајца ревизори, двајца од локалната самоуправа и еден новинар ќе ја сочинуваат новата Комисија за спречување на корупција.

 

Претседателка на Комисијата ќе биде Билјана Ивановска, а за членови се именувани и Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеновски, Шемши Салаи. Тие беа седумте најдобро рангирани кандидати од страна на Комисијата за селекција на кандидатите.

 

Билјана Ивановска – Ревизор

Владимир Георгиев – Државен советник на секретаријатот на антикорупциска

Софка Пејовска Дојчиновска – Раководител на сектор за спречување на корупција

Катица Николовска – Ревизор

Горан Трпеноски – Новинар

Шемши Салаи – Вработен во Општина Врапчиште

Нури Бајрами – Вработен во Општина Гостивар

 

Собранието новите членови ги избра со 65 гласа „за“, ниту еден „против“ и 10 „воздржани“.

 

За членови на Комисијата беа пријавени вкупно 57 кандидати кои во Собранието беа интервјуирани од страна на пратениците, новинари и претставници на невладини организации.

 

Согласно новите овластувања на Државната комисија за спречување на корупцијата, таа може да го следи и претстојниот изборен процес во делот на финансирање на политичките партии.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.