По бабата, дедото на Кирацовски вработен во ЕЛЕМ

Се чини нема крај на вработувањето на роднини и блиски на функционерите од владеачкото мнозинство по државните фирми и институции. Таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ.

 

Од ЕЛЕМ потврдија дека Борче Поповски е вработен во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”. Кирацовски негираше било какво негово влијание врз вработувањето на неговиот дедо.

 

Дедото на Кирацовски е само дел од низата роднини на функционери вработени во ЕЛЕМ. Таму се синот и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, ќерката на спикерот Џафери, сестрата на министерот за култура, Асаф Адеми, синот на Мирослав Грчев…

 

Инаку минатиот месец Мери Поповска, мајка на сопругата на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски е ново вработена во „Државниот Ученички Дом Мирка Гинова“ во Битола.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.