Регистрирани 107 дојави за прекршување на детските права

Facebook
Twitter
Email
Print

Вкупно 107 дојави за прекршување на детските права се регистрирани на СОС телефонот за деца и млади во текот на 2018 година, со кои подоцна дополнително контактирано е 130 пати од страна на Првата детската амбасада во светот ,,Меѓаши”.

 

Најкарактеристични податоци се 30 дојави за сиромаштија, 13 за семејно, физичко и психолошко насилство и негрижа врз дете, девет деца биле потенцијални жртви на прекршување на правото на детето при бракоразводни постапки и пет кои биле жртви на меѓуврсничко насилство.

 

Многу често самите деца посегнуваат по телефонот да пријават дека трпат семејно насилство. Сепак, од пријавите најобемни се оние за семејства од социјален ризик – каде децата не одат на училиште, немаат соодветна нега и живеат во субстандардни услови.

 

Претседателот и основач на „Меѓаши“, за проблемот на сиромаштијатa, посочи дека овие деца од рана возраст треба да се вклучат во градинка, да добијат бенефиции од страна на државата, да стекнат други животни навики, да не бидат дискриминирани по социјалниот статус, да им се обезбедат топли обувки, облека, храна и на тој начин, како што вели, ќе имаме помалку едно дете на улица.

 

СОС телефонот за деца и млади функционира 26 години и досега се регистрирани вкупно 20.742 повици. Овој телефонот претставува служба за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните семејства.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи