Засилени полициски контроли на возилата на територијата на СВР Битола, само вчера извршена контрола врз 377 возила

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на ден 19 февруари, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистриранивозила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 377 возачи и возила.

 

 

„При контролата, констатирано е дека 34 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 6 возачи управувале без возачка дозвола, кај 1 возач е откриено присуство на алкохол и истиот е исклучени од сообраќај.  5 возачи користеле мобилен телефон при управување на возилото,а 1 не користел сигурносен појас. 13 возачи се писмено опоменати, аа 50 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветниглоби, а исто така изготвени се и 21 прекршочни налози. Исто такапри контролата откриени се и други 12 видови останати прекршоци“, велат од СВР Битола.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи