Русковска: Партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ е организатор на упадот во Собранието

Facebook
Twitter
Email
Print

Истрагата на обвинителството утврдила дека партискиот врв на ВМРО – ДПМНЕ – Никола Груевски, Миле Јанакиески и Спиро Ристоски ги координирале протестите и насилниот упад во парламентот, а големо влијание имале и тогаш претседателот на парламентот Трајко Велјаноски, пребеганиот агент на УБК во Грција, Никола Бошкоски, како и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски.

 

„За цело време течела координација помеѓу нив и градските и месните и општински комитети, каде се давале насоки и било викано членството на масовни протести, а исто така и критичниот ден за влегување, масовност при влегување внатре во Собранието“, рече Вилма Рускоска, Обвинителство за организиран криминал.

 

Според обвинителката доколку вратите не биле отворени на 27 април немало да се случи крвавиот настан.

 

Според неа исто така Законот за амнестија кој беше донесен за дел од обвинетите за 27 април, не би требало да биде пречка во постапката која се води против организаторите на упадот.

 

„Во Законот за амнестија не е амнестирано кривично дело, туку поединечни дејствија. Таму стриктно е наведено дека законот за амнестија не важи за организатори“, вели Русковска.

 

Истрагата може да се прошири и за други лица кои на 27 април вечерта биле во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ како на пример членови од кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи