Несторовски: Постигнувањето гол е поубаво од – секс!

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски пред една недела се врати со гол, негов седми сезонава, по двомесечнапата пауза, па прилепчанецот за италијанските медиуми посочи колку му е важно да ја погоди мрежата, потенцирајќи дека постигнувањето гол е поубаво дури и од секс.

 

Несторовски е капитен на Палермо и лидер на теренот, но повредата сезонава го спречи неговото конто да биде поголемо. Посочи дека воопшто не сака да асистира, туку само да – тресе мрежи.

 

„Да се даде гол е поубаво од секс. За жал, така е. За мене головите се многу важни. Сакам да ја шутнам топката зад гол-линијата. Важно е топката да ја мине таа линија, Палермо да победи и да стои стрелец – Несторовски. Кој напаѓач не живее за гол? Кој напаѓач сака да направи додавање, да избега, да даде асистенција. Што ќе кажам потоа: ‘Асистирав’?! Што значи тоа. Асистенцијата не значи многу за мене. Мој пример за напаѓач? Немам. Можам да кажам Роналдо, но ниту ги имам неговите карактеристики, ниту силата. Не сум јас така силен како Роналдо. Што би рекол“, вели Несторовски.

 

ИЗВОР : SPORT1.MK

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи