ДУИ го блокира законот за СЈО

Facebook
Twitter
Email
Print

СЈО да биде надлежно за истрагите отворени по рокот од 30 јуни 2017 година, меѓу кои и „Попис“ за Али Ахмети и „Пациент“ за Бујар Османи. Ова било причината поради кој ДУИ го блокирале преработениот закон за специјално јавно обвинителство на Министерството за правда на синоќешната седница на Влада. Според нив, СДСМ не може сами да ги носат овие законски измени и вели дека деновиве ќе се работи на усогласување на ставовите.

 

Новиот закон предвидува сите истраги што ги отвори Специјалното обвинителство по 30 јуни 2017 година, заедно со преземените од редовните обвинителства, да продолжи да ги води докрај и да поднесе обвиненија. Со тоа автоматски се суспендира мислењето на Врховниот суд, кој ги забрани истрагите на СЈО по 30 јуни 2017 година, а во кои се и против сегашни и поранешни високи функционери и бизнисмени, како Али Ахмети, Сашо Мијалков, Бујар Османи, Орце Камчев, Игор Јанушев, Цветан Панделески, Антонијо Милошоски, Жарко Луковски, Зоран Ставрески и други.

 

Оваа најнова законска верзија пред неколку недели поминала и под лупата на меѓународни експерти кои дале согласност за законските одредби за статусот на СЈО. Предлог-законот предвидува СЈО да биде автономно, но хиерархиски подредено под државното Јавно обвинителство и да се застапува самото во прв и втор степен пред судовите, а во трет степен пред Врховниот суд тоа да го прави обвинител од ЈОРМ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи