Сателитски снимки покажаа кои места на Земјата се најзагадени

Со помош на слики добиени од сателитот Sentinel 5P, Descartes Labs направи фасцинантен приказ на Земјата на кој светлите точки на глобусот ја оцртуваат мапата на човечкото населување и индустријата.

 

Сребрените линии претставуваат емизија на азод диоксид, гас кој се добива со согорување и придонесува за кисели дождови и создавање на магла. Азот диоксидот е штетен и за човекот затоа што може да предизвика едеми на Sградниот кош, па дури и смрт со гушење.

 

Иако постојат природни извори на азот диоксид, најмногу со своето делување го создаваат луѓето, тврди американската Агенција за заштита на околината. Автомобилите , камионите, електраните, фабриките, па дури и градежната опрема, сето тоа испушта азот диоксид во атмосферата. Мапата на Descartes Labs покажува „каде гори“ на Земјата.

 

Податоците се добиени од сателитот Sentinel 5P, кој беше лансиран во 2017 година со задача да ги следи промените во атмосферата. Тој е дел од семејството сателити кои ги испрати Европската вселенска агенција, а служат за научно набљудување на Земјата. Другите сателити следат што се случува со вегетацијата, температурата и антарктичкиот лед.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.