400 години старо бонсаи дрво ја преживеало атомската бомба во Хирошима и продолжува да расти

Ако дрвјата би можеле да зборуваат ова бонсаи сигурно ќе има многу да каже. Засадено e во 1625 година и има речиси 400 годишна историја. Во моментов се наоѓа во американскиот Национален арбитреум во Вашингтон ( музеј ботаничка градина каде се чувата ретки видови на дрвја ). Дрвото беше подарено на САД од страна на одгледувачот на бонсаи Масару Јамаки во 1976 година.

 

Семејството Јамаки живеело само околу 3 километри од местото каде што американските сили ја фрлија атомската бомба во Хирошима во 1945 година. Во овој ужасен настан загина 140.000 луѓе и истиот остави трајни последици врз градот. Но за време на експлозијата на атомската бомба Јамаки, неговото семејство и бонсаи дрвото биле во затворен простор и останале неповредени. Јамаки потоа го донирал дрвото во САД, но не ја раскажал неговата прииказна.

 

За тоа дека ова над 400 години старо бонсаи ја преживеало и атомската бомба во Хирошима е откриено дури во 2001 година, кога внуците на Јамаки неочекувано ја посетиле колекцијата на дрвја и раскажале приказната.

 

Сепак музејот не го рекламира многу овој дел од историјата на дрвото бонсаи, туку претпочитува да ја нагласи неговата улога како подарок за пријателство меѓу двете нации. Но од пред извесен период и оваа приказна за неговата врска со Хирошима осамна на веб-страницата од музејот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи